Син тепал татко, маж ја тепал сопругата

На 07.06.2020 година во 23.20 часот, во охридското село Лескоец, од слобода е лишен В.П.(30) од Охрид поради физички напад врз неговиот татко. 

Приведениот потоа е пренесен во Општата болница во Охрид. Истиот ден околу 21 часот, во струшкото село Октиси, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.С.(40) и Е.С.(30), двете од истото село. Против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава. На 07.06.2020 година околу 23.45 часот, во полициската станица Кичево, приведен е Б.С.(37) од Кичево, кој физички ја нападнал неговата сопруга. Истиот ден, околу 17 часот, во СВР Охрид приведен е Н.Н.(66) од Охрид, кој претходно физички ја нападнал неговата сопруга. Против напаѓачите, ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани