Синдикалните игри на МПС се одржуваат во Охрид

Викендов во Охрид се одржуваат 14-те по ред Синдикални игри и средби што ги организира Македонскиот полициски синдикат.

 

Од денеска до недела во Охрид се одржуваат 14-те по ред Синдикални игри и средби што ги организира Македонскиот полициски синдикат. На игрите, учествуваат околу 200 вработени во МВР и гостите од Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Романија и Кипар. Тие ќе се натпреваруваат во фудбал, одбојка, пикадо, стрелаштво, шах и атлетика.

На чинот на свеченото отворање, говореше министерот за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски. Тој најави дека е почната постапка за набавка на 7000 комплети специјални чизми, чевли, кошули, панталони и здолништа, џемпери, капи и ремени за припадниците на полицијата. Во тек е и постапката за набавка на канцелариски материјал со кој ќе се опремат полициските станици во Ѓорче Петров и Јегуновце, како и Секторот за прекршоци и Секторот за странци на СВР Куманово. Набавивме над 400 компјутери кои ќе бидат распоредени по полициските станици, а наредниот месец ќе бидат набавени и над 40 нови возила, рече министерот Спасовски.
Македонскиот полициски синдикат го сметаме за партнер кој има одговорност да ги застапува интересите на вработените во полицијата, но и заедно со раководството да понуди одржливи решенија за надминување на проблемите, нагласи Спасовски.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани