Неверојатни настани се случуваат во дел од семејствата во Охрид и охридско.
Така,малолетник го натепал својот татко и го повредил во увото а сопруга му забранила влез на нејзиниот поранешен сопруг во домот од неговиот татко. Двајцата заработиле кривични пријави од полицијата.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, вели дека поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,телесна повреда”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против малолетно лице родено 2002 година од кочанското село Оризари а поради сомнение за сторено кривично дело ,загрозување на сигурноста”, поднесена е кривична пријава против В.П.(45) од охридското село Велгошти.
Според соопштенијата од Канцеларијата за односи со јавноста при СВР:
Охрид,малолетникот, казненото дело го сторил на деветти јуни оваа година во 19 часот и 50 минути во стан во Охрид каде привремено престојувал со неговиот татко. Тука настанала меѓусебна вербална расправија во која малолетникот физички го нападнал својот татко Г.И. удирајќи го со тврд предмет. Од ударите, оштетениот се здобил со видливи повреди во пределот на левото уво. Настанот во Велгошти се случил на седми минатиот месец во 18 часот и 30 минути, пријавената В.П. на својот поранешен сопруг М.Д.(46) не му дозволила влез во куќата сопственост на неговиот татко. На тој начин, пријавената, кај М.Д. предизвикала чувство на страв, несигурност и вознемиреност, по што тој веднаш побарал лекарска помош на нервното одделение во ЈЗУ Општа болница.