Сите избирачки места во Охрид отворени навреме

Сите избирачки места  во Охрид се отворени навреме и гласањето се одвива во фер и демократска атмосфера, вели претседателот на ОИК Климент Камнароски за Охриднет. 

 

Точно во 7 часот утрово беа отворени сите избирачки места во општина Охрид и гласањето се одвива непречно без никакви проблеми, вели Камнароски. 

Првиот пресек во однос на излезност ќе биде во 10 часот. 

Во Охрид за локалните вонредни избори на градоначалник  на избирачкиот список регистрирани се вкупно  52 273 граѓани со право на глас. За претседател право на глас имаат  52193 гласачи, помалку заради регистрираните гласачи во дијаспората. 

Гласањето  се одвива на  88 избирачки места. 

 

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани