Скејтерите од Охрид бараат нов скејт – парк

Скејтерите од Охрид бараат соодветен скејт парк. Велат вој спорт денес е многу актуелен кај младите, но немаат соодветни услови за да се рекреираат. 

 

Во продолжение интервју со  Мартин Ристевски скејтер од Охрид. 

Охриднет: Во Охрид има скејт парк после подвижниот мост каналот Студенчишта?

М. Р. Да,  има и во него возиме.Тој скејт парк е направен во (2007-2008) од страна на Ротари клуб и во тоа време градоначалникот Александар Петрески. Ние самите бевме иницијатива за да се изгради скејт паркот, но во моментов не ги исполнува условите и  стандардите.

Охриднет:  Зошто е  несоодветен?

М. Р. Како што кажав не е по наши стандарди има многу елементи во мал простор, тревата од страна не е заштитена и се прави ѓубрекое ни смета во самото возење. Подлогата е целосно уништена и фалат елементи кои ги користиме во различни дисциплини.Ние имаме проект кој е нацртан од архитект, сликовито прикажан и напишан со букви што треба да се направи, целосно реновирање на скејт паркот.

Охриднет: Што мислите треба да се направи нов и каков скејт парк е потребен во градот

М.Р. Да, мислам треба да се направи нов скејт парк, но и да ни се дадат некои финансии или да ни се даде некој простор на улица кој е урбан и кој се користи не само за возење туку и општо за дружење на млади. Бидеќи скејтбордингот не е само спорт тоа е и
еден вид на култура. А културата е се што му треба на еден град.

Охриднет: Каде вие скејтате?

М.Р. Ние возиме на повеќе локации,  но најкористени локации се плоштадот кај мини маркет на Туристичка и  сегашниот скејт паркот.

Охриднет: Колку вакви спортисти има во градот?

М.Р. Ова е добро прашање секој човек може да забележи  дека овај спорт е бум кај младите во градов сигурно се над 50 скејтери. Повеќе и самиот некој скејтери не ги ни познавам доста се помлади и си имаат формирано свои друштва за возење скејт.

Охриднет: Со какви проблеми се соочувате?

М.Р. Проблеми сме имале од секогаш но сега можам да кажам дека во моментов многу луѓе се навикнаа на нас имаме голема поддршка одлуѓево, но сепак имаме проблеми со одреден вид на граѓани кои не пријавуваат во полиција. И во одредени моменти имаме
и проблем со полиција но повејќе пати тие се корекни спрема нас. Сепак не треба да се заборави дека сите тие проблеми ќе  се отсликаат на една генерација млади луѓе и се иселуваат во други градови. Јас лично живеев повеќе од 2 години во Скопје бидеќи немав кај да возам во Охрид и секој ден се соочував со проблеми од луѓеи полиција. Во Скопје работев на повеќе проекти околу скејтбордингот и добивме огромна подршка од градот Скопје и уредивме доста локации и тоа беше бум.Обични места станаа места кај што се вози скејт но и почнаа да се собираат разлчни друштва, родители со деца, со тротинети, ролшли, точаци. На пример паркот кај Гоце Делчев е една прекрасна слика.
Очекуваме подршка од Општина Охрид, сослушување, ние сме млади имаме прекрасни проекти кои и не се некаква инвестиција за овај Град.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани