СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.В.(18) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
Тој, на 27.08.2020 година, во авто-кампот Љубаништа“, најнапред вербално, а потоа и физички го нападнал А.Ј.(20) од Охрид, при што извадил и остар предмет.
