18 годишен скопјанец претепал малолетник во Охрид.
Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Х.К.(18) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело “тешка телесна повреда“. На 22.07.2018 година во Охрид на кеј „Македонија” пред домот на култура, пријавениот физички нападнал 17 годишен малолетник при што му нанел тешка телесна повреда, констатирана во Јавната здравствена установа-Општа болница Охрид.МВР во своето штуро соопштение не наведува од каде е малолетникот ниту поконкретно за тоа на кој начин се нанесени повредите.
