Скопјани фатени со таблетки во Охрид

Полицајците ги „начекале“ на спортско игралиште.

Синоќа во 22 часот во СВР Охрид приведени и лишени од слобода се Д.Н.(24) и Г.Л.(26), двајцата од Скопје.
– При обид за преглед во близина на спортско игралиште во Охрид, тие почнале да бегаат од полициските службеници, по што еден од нив, исфрлил паковка со таблетки. Истите се одземени и предадени на вештачење, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани