Скопјани и виничани се степале во Охрид

Едно момче е повредено и задржано во болница.

На 01.08.2019 година околу 02 часот на улицата „Партизанска“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.И.(23) од Скопје и С.С.(23) од Виница од една и, Н.М.(20), Д.Т(18) и В.Л.(19), сите од Скопје, од друга страна.
– Д.Т. е задржан во Општата болница во Охрид а останатите учесници се приведени во полициска станица, изјави Стефан Димоски,портпарол на СВР Охрид. Додава дека по целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани