Главниот град на Македонија е третиот најефтин град на светот за странците кои што пристигнуваат како туристи или за бизнис, покажува истражувањето на американската консултантска компнанија „Мерсер“ за трошоците на живот во светот.
Истражувањето на „Мерсер“ опфаќа 209 градови во светот на 5 континенти и ги мери компаративните трошоци на секоја локација вклучувајќи го сместувањето, транспортот, храната, трошоци за домаќинство и забава. Истражувањето го користат владите и големите компании во своите анализи потребни за нивните вработени но и за потенцијални инвестиции, работна сила и геостратешки одлуки. Најскапите градови за странците според континенти се Азиските и Европските метрополи.
Освен Луанда (главен град на Ангола) која што е најскап град на светото меѓу првите 5 се Хонг Конг (2), Токио (3), Цирих (4) и Сингапур (5). Следни на листата се Сеул (6), Женева (7), Шангај (8), Њујорк (9) и Берн. Најефтини градови на светот според Мерсер се Тунис, Бишкек (Киргистан) и Скопје кое е на 207 место на листата односно трет најефтин град на светот.
MERCER 2017
Најскапи градови на светот
1 Luanda, Angola
2 Hong Kong
3 Tokyo, Japan
4 Zürich, Switzerland
5 Singapore
6 Seoul, South Korea
7 Geneva, Switzerland
8 Shanghai, China
9 New York City, U.S.
10 Bern, Switzerland
Најефтини градови на светот
200 Minsk, Belarus
201 Karachi, Pakistan
202 Sarajevo, Bosnia and Herzegovina
203 Monterrey, Mexico
204 Tbilisi, Georgia
205 Blantyre, Malawi
206 Windhoek, Namibia
207 Skopje, Macedonia
208 Bishkek, Kyrgyzstan
209 Tunis, Tunisia
Извор:expres.mk