Ви се допаѓа ли новиот „подновен“ ентериер на Sky Corner“?
Ексклузивниот хотел во стакло кој има шмек, стил, елегантност и исклучителна атрактивност, што му дава „душа“ на Охрид, има „подновен“ ентериер, магичен е, со топлина и екстраваганција. Новото одлично разубавување на .„Sky Corner“, е прекрасно, ве прави да се чувствувате пријатно, среќно, задоволно.
Sky Corner е респектабилен охридски угостителски бренд со ексклузивен препознатлив стил, надополнет со европска смисла за квалитет. Со „Sky Corner“, Охрид доби супер-модерен хотелско-туристички објект по највисоки стандарди и е меѓу врвните хотелски капацитети во земјава и пошироко. Од „Sky Corner“, се пружа прекрасен импресивен панорамски поглед кон чаршијата, према стариот град и секако кон бисерот на градот-Охридското езеро. „Sky Corner“ е љубов на прв поглед, уникатен е, има душа, освојува и плени со прекрасниот и топол ентериер, со единствениот дизајн и со внимателно одбраните бои и нијанси на мебелот и секако, со луксузните сместувачки апартмани. „Sky Corner“ нуди бренд на производи, ексклузивна француска кујна и француски слатки,четири солени соби за масажа, бјути центар и многу други новини што ја освојува душата на секој домашен и странски гостин.„Sky Corner“ дефинитивно донесе раскош, вистински квалитет и освежување меѓу хотелско-угостителските објекти во градот. Бидете дел од прекрасната приказна за охридскиот преубав „Sky Corner“.







