Следува 15 седница на Советот на општина Охрид

Во четврток во 11, Советот на општината ќе ја одржи 15 седница.

Вкупно 74 точки се на дневниот ред за 15-та седница на Советот на општина Охрид.Меѓу другите точки, советниците ќе расправаат по предлог
 – одлука за давање согласност за формирање групи во ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ – Охрид, со помал односно поголем број деца од законски утврдениот број, по Предлог – одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 24 ученици во основните училишта во општина Охрид како и по повеќе предлог одлуки за донесување урбанистичко планска документација.Предвидени се и повеќе предлог одлуки за усвојување на извештаи за работа на повеќе јавни претпријатија како и други точки.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани