Претседателот Иванов ќе ја отвори деветтата Школа за млади лидери.
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во Струга, ќе се обрати и ќе ја отвори деветтата Школа за млади лидери. Школата што е лична иницијатива на претседателот, ќе се одржува до 31 август а на денешното свечено отворање, по говорот на Иванов, ќе се обрати и поранешниот претседател на Република Латвија Валдис Затлерс.На годинешната Школа за млади лидери,ќе учествуваат 40 учесници на кои, своите професионални знаења, искуства и визии ќе им ги пренесат 30 врвни предавачи од повеќе образовни и професионални институции од Република Македонија, Европа и светот.Програмата на школата тематски е посветена на современите практики и знаења за развој на еко-системи за поттикнување на старт-ап, мали и средни претпријатија, како и деловното истражување и иновации. Минатата година, Светскиот форум на бизнис ангели ја прогласи Школата за млади лидери за најдобар социјално одговорен проект во Европа.
