ВМРО ДПМНЕ Охрид:Води ли некој грижа за состојбите во болницата?

Општинската ВМРО ДПМНЕ денеска обвини за недоследности при бодирањето на кандидатите за медицински сестри.

Отакако СДСМ го презеде здравствениот систем тој е последно рангиран и најлош здравствен систем во Европа. Ниту се реновираат болници, ниту се градат нови. Медицинските апарати не се поправаат, а не пак да се набавува современа медицинска опрема. Медицинскиот персонал никогаш повеќе не бил деградиран и понижен.Секојдневно јавноста ја тресе некој нов скандал во здравството. Во ЈЗУ „Општа болница“ од 31 кандидат рангиран според успех, за медицинска сестра не е примен најдобриот кандидат, туку последниот, кажа на денешната прес конференција Кирил Пецаков, член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Пецаков го запраша СДСМ зошто ја уништувате надежта на медицинските кадри со високи квалитети и констатира дека ова е голем срам за охридското здравство.
За Директорот на ЈЗУ „Општа болница“ и СДСМ бодирањето на кандидатите на конкурсот за медицински сестри според тестот на знаење и успехот од образованието не се пресудни за да се стапи во работен однос.Кои се тие други параметри и квалитети коишто се земаат предвид?Наместо да бидат вработени солидни кадри, способни и со висок просек, сведоци сме на негативна селекција. Врз основа на критериумите и стандардите со кои владее СДСМ повеќе од јасно е дека списокот за вработување медицински сестри кои ќе се вработат е однапред познат, рече Пецаков.
Пецаков го постави прашањето Води ли некој грижа за состојбите во болницата?
Здравјето е најважаниот сегмент за човекот. Тоа не важи за СДСМ, бидејќи целта е да се постават послушни партиски војници. Партиските бизниси на грбот на пациентите и здравствениот персонал е одлика на раководството на СДСМ. Граѓаните не се должни да страдаат, а за овој скандал мора да се сноси одговорност, стои во соопштението од општинската ВМРО ДПМНЕ.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани