Случена сообраќајка меѓу малолетник на мотор и автмобил.
На 24.07.2024 во 22.50 часот, на крстосница од регионален со локален пат помеѓу струшките села Боровец и Лабуништа се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со струшки регистарски ознаки, управуван од малолетник од селото Лабуништа и патничко возило „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ф.Н.(53) од селото Лабуништа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мотоциклот и неговиот малолетен сопатник констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
