
Снегот прличина за париски преппирки. Вмро Дпмне обвинува дека не е исчистен, СДСМ тврди дека успешно се исчитени сите улици во Охрид, за што ќе бидат наградени вработените во ЈП Комунелац.

Охрид под снег, Локалната власт и градоначалникот Георгиески во застој.
Блокирани и непроодни улици, пешачки патеки и јавни површини во градот е сликата којашто може да се забележи при првиот снег со што е загрозена безбедноста на граѓаните.
За што ги троши Георгиески 420.000 денари за ангажирање на градежна механизација за одржување на улици во зимски услови?
Неговиот партиски поставен директор потроши илјадници евра за возила на старо, но нив не ги гледаме по улиците на градот. За жал и вработените се оставени сами на себе, без механизација.
Георгиески треба да се засрами што ја злоупотребува маката на вработените за да ја затскрие својата неспособност.
Зошто насекаде во градот не се спроведува машинско чистење на снег и посипување на коловоз со ризла и абразивен материјал?
Во едно сме сигурни дека ќе има, ќе се плаќаат фактури за сол, градежна механизација и гориво, а улиците ќе останат неисчистени.
Додека улиците во градот и селата останаа отсечени поради снегот градоначалникот Георгиески и пратеникот Таневски го ажурираа партиското членство.
Можеби снегот ги покри дивоградбите и депониите низ градот, но никако не и неспособноста на Локалната власт и Георгиески, рече Перчо Божиноски портпарол на ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Од СДСМ Одговорија:
Пред да се критикува и да се фрлаат дрвја и камења по другите народот убаво рекол – човек треба да си гледа што му се случува пред сопствените очи и куќа.
И денеска по којзнае кој пат раководството на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Охрид преку својот гласноговорник Божиновски си пукаше самото во „нога“. Ја критикуваат локалната власт, градоначалникот Константин Георгиески, Јавното претпријатие Охридски комуналец и останатите а не го исчистиле и ни сопствениот двор во кој ја одржаа денешната средба со новинарите.
Факт е фотографијата – таа не лаже.
Од друга страна Локалната власт предводена од СДСМ постојано и ангажирано работи врз расчистување на снегот, се чистат улиците и тротоарите и приодите во и надвор од градот.
За разлика од ВМРО ДПМНЕ ( снег и само стапалки ) пред нашето седиште толку колку што се можеше е расчистено и ќе се чисти. Нашиот партиски подмладок од СДММ синоќа излезе на терен и со топол чај ги згреа вработените во Комуналец кои и на минусни температури работеа и работат низ градот.
Различни сме.
Центар за комуникации СДСМ – Охрид
