Со камен по глава, безмилосно го тепал својот брат

Тешки повреди добил 81 годишник а неговиот брат-напаѓач заработил кривична.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,,тешка телесна повреда”, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против З.Ј.(79) од селото Издеглавје-општина Дебарца.
-Тој, на 28 минатиот месец, физички го нападнал неговиот брат Р.Ј. (81) од истото село и со тврд предмет го удрил по главата. Откако оштетениот паднал на земја, пријавениот со рацете го фатил во пределот на вратот и продолжил да го удира со тупаници. Во состојба на бесознание, оштетениот со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Општата болница во Охрид каде се констатирани тешки телесни повреди на главата и градниот кош. Поради сериозноста на повредите, оштетениот Р.Ј. бил задржан на понатамошно лекување, информира Стефан Димоски,портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани