Со монодрамата „Кармен“ отворено Вевчанско лето 2022

Со монодрамата „Кармен“ синоќа на вевчанскиот амфитеатар започна манигестацијата Вевчанско лето 2022. 

 

Манифастација  има за цел да го збогати културното живеење во заедницата.

Вевчанското лето, годинава  содржи богата програма од областа на културата, уметноста,  спортот и науката се со цел да ги задоволи сите вкусови, како програма која што е наменета за сите возрасти.

Вевчанското лето е под целосно покровителство на Општина Вевчани а е во организација на здружението Вевчани Турист Инфо.

-Навистина ми е драго што успеавме ова лето да обезбедиме богата културна понуда за вевчанци, за туристите кои доаѓаат во Вевчани и за сите љубители на културата, спортот и уметноста. Од скромниот буџет на општината сепак издвоив средства за нешто што навистина заслужува и е важно за една населба како Вевчани – вели градоначанкот на Вевчани, Спасе Кочовски.

Сметам дека секој градоначалник во било која општина треба да се залага за ваквите активности, не се ова настани од политички карактер или за било каква политичка придобивка туку напротив, придобивката треба да ја има заедницата од истите за што сум многу благодарен, додава Кочовски.

Благорен сум на здруженијата од областа на културата и туризмот во Вевчани кои што зедоа учество, благодарен сум на сите вевчански уметници, културни дејци кои што целосно ја прифатија поканата да соработуваат и одговорија да бидат дел од оваа содржина. Ги поканувам сите во текот на целото лето да уживаме во настаните, дополнува Кочоски.


Вевчанското лето изобилува со богата соджина прилагодена за сите генерации и возрасти, предвидени се театарски претстави, музички програми, спортски настани, научни случувања и истата ќе се случува на повеќе локации низ Вевчани во периодот од 15 јули до 31 август.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани