Кривична за разбојник, со закани и нож одзел пари.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Ј.(32) од слото Косел. Тој, на ден 22.05.2020 година во 14 часот, на улицата „Партизанска“ во Охрид, сопрел автомобил што го управувал И.Н.(20) од Охрид и со остар предмет во раката, му се заканал а потоа му ги одзел парите, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
