Со остар предмет повредена скопјанка во Градиште.
На 11.07.2020 год. во 01.40 часот во СВР Охрид пријавено е нарушување на јавниот ред и мир со елементи на насилство извршено на 10.07.2020 година околу 21.30 часот во авто-кампот „Градиште“. Притоа, А.К.(32), кој претходно бил пријавен во полиција од Д.Б.(38) за загрозување на сигурноста и од Ф.Г.(40) за оштетување на возилото, физички го нападнал Ф.Г., а потоа со остар предмет ја повредил М.Т., по што со дрвена палка ги нападнал Г.Т. и Ѓ.К., сите од Скопје, нанесувајќи им повреди. Напаѓачот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријав, изјави Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.