Со промотивен спот годинава стручното средно угостителско училиште „Ванчо Питошески“ од Охрид привлекува нови ученици.
Училиштето нуди шест атрактивни смерови за едукација и стручно образование на учениците.
.jpg)
Туристички аниматор , или техничар за анимација и настани е најновиот смер,воведен ланската година кј особено буди интерес кај младите. Аниматорот ќе се грижи да го пополни секое слободно време на туристите со разни екскурзии, авантури и настани. Почнувајќи од планинарење, велосипедизам, јавање магариња, парагајдинг, едрење, па се` до посета на културни манифестации и фестивали. Станува збор за четиригодишен профил на средно образование.

Учениците во стручното угостителско училиште добиваат доволно пракса и преку проекти имаат можности да стекнуваат искуство, учејќи од врвни експерти додека се на практична настава во странство.
-„Праксата како составен дел од ова училиште бидејќи голем дел од нашите ученици го поминуваат во угостителските објекти што е доста значаен елемент во усовршувањето на образоваието: Последните две години нашето училиште аплицира на повеќе проекти од Еразмус програмата и на голема среќа беа успешни проектите со што учениците добиваат пракса и обука во странство“, вели Маријан Радески директор на училиштето.
Во угостителското училиште има два тригодишни профили келнери и готвачи. И четиригодишни профили на образование угостителски техничар за рурален туризам, хотелско туристички техничар. Годишно во стручното училиште се запишуваат во просек околу 60 ученици.
