Вешт измамник и врвен познавач на компјутерската технологија од Исланд, направил фалсификат фактури и прелажал охриѓанец со цел да заработи речиси 5000 евра.
Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.О. (22) од Исланд поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ во обид.
-На 20 април годинава, пријавениот неовластено навлегол во е-маил комуникација, изготвил фалсификувана фактура и со менување на лажни банкарски податоци, создал услови паричните средства во износ од 4.725 евра уплатени од страна на Т.Д. (45) од Охрид, наместо да бидат пристигнати на сметката на неговиот деловен партнер од Р.Србија, биле уплатени на банкарската сметка на пријавениот, изјави портпаролот Димоски.