Клучот под черга, станот „безбеден“

Неверојатно е дека сеуште има луѓе кои сметаат дека тајно место за криење на клучот од станот е под черга. Таа „финта“ им е добро позната на крадците кои успеале во Струга да спечалат многу пари.

Стефан Димоски,портпарол на СВР Охрид информира дека криминалистичката полиција го пронашла крадецот кој извршил таква тешка кражба. Според полициското соопштение, струшката полиција поднела кривична пријава против Д.М. (31) од Струга поради постоење основи ан сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Во  периодот од 08 до 14.07.2017 година во куќа на ул. “Кузман Јосифоски Питу“ во Струга, сопственост на С.Л. (59), пријавениот со оригинален клуч, пронајден  под чергата пред влезната врата, влегол внатре и одзел 700 евра, 5.500 денари и 22 американски долари.Портпаролот Димоски ги потсетува граѓаните да посветат посериозно внимание на безбедноста на домовите и личните предмети.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани