Пристигнаа унгарските кајакари. По петти пат кајакарите од Унгарија, кои пред четири години се загубија на Охридското езро, повторно пристигнаа во Охрид.
Адам Тубој од Будимпешта, секое лето носи група авантуристи кои уживаат во кајакарење и планинарење околу Охридското езеро.
За нив Охридското езеро е поубаво и од Талјанд и од Индонезија.
– Многу е убаво за кајакарење тука. Водата е многу мирна, чиста и бистра. Преубаво е. Ќе кајакариме преку целото езеро, почнеме од Струга и чекор по чекор вдолж целото езеро. А еден ден ќе издвоиме за планинарење на Галичица, вели Адам Тубој кајакар за Охриднет.
9 мај 2013 година се памети по големата полициска потрага по исчезнатите унгарски туристи. Исчезнувањето го пријавија од авто кампот Градиште, загрижени откако кајакарите не се вратиле два дена.Кајакарската прошетка по Охридското езеро, ја отежнаа големите бранови, но за среќа немаа поголеми проблеми, тие безбедно веслаа во своите професионални и непотопливи кајаци.