Дебарца денес одлучува за депонијата

На итна седница денеска, Советот на општина Дебарца ќе се изјасни по предлогот на градоначалникот Игор Трајкоски за распишување на референдум.

Дали советниците ќе ја изгласаат одлуката е неизвесно, бидејки општинскиот  совет брои 5 советници од СДСМ, 5 од ВМРО ДПМНЕ и еден независен. Еден од советниците на ВМРО ДПМНЕ бил службено отсутен во странство.

Светниците на СДСМ се против изградба на депонија во селото Годивје, но и против референдум. Тие предлагаат да се отфрли одлуката на министерството за животна средина со  Декларација. 

Ова е соопштението на СДСМ: 

Во врска со предлогот на Градоначалникот на Дебрца за референдумско изјаснување на граѓаните за регионалната депонија и седницата на советот на општина Дебрца, закажана за ден 25.07.2017 година сметаме дека ставот на граѓаните против регионална депонија во Дебрца е кристално јасен и нема потреба да се препроверува на референдум.

Потполно ја разбираме загриженоста на граѓаните на Дебрца и ја поддржуваме секоја форма на изразување на нивното незадоволство, но цениме дека одбраната на еколошка Дебрца треба да оди според логичниот редослед на правни чекори.
На утрешната седница ќе побараме советот на општината, како претставнички орган на граѓаните да ја потврди и спроведе волјата на граѓаните на Дебрца и да го отфрли предложеното решение од Студијата, за Годивје и Дебрца како локација на регионалната депонија.
За таа цел, советниците од СДСМ до Претседателот на советот на општината доставија предлог-Декларација за реафирмирање на стратешката определба на општина Дебрца како подрачје со чиста и заштитена животна и природна средина, сочувани природно наследство, биолошка разновидност и автентичност, еколошка благосостојба и за отфрлање на предложеното решение за Дебрца како локација за изградба и работење на регионална депонија и други постројки за управување со отпад во Југозападниот плански регион .

Ги повикуваме сите советници, по расправата по текстот на Декларацијата, истата едногласно да се донесе, со што советот на општината ќе манифестира надпартиска сплотеност и единство по ова прашање .

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани