Денес во 13 30 ч е закажано повторното судење за убиството на Димитар Матилоски, кое се случи на лани на Новогодишната ноќ.
Судењето се повторува во охридскиот суд откакко битолска апелација го врати случајот. Судијката Весна Кичеец го осуди спрпскиот туристи Бојан Угреновиќ на 16 години затворска казна, но апелација бара да се преиспита одлуката.
Досега два пати повторното судење беше одложено. Еднаш заради неспорведување на убиецот од технички причини на затворот Штука, а вториот пат поради отсуство на адвокатот на обвинетиот.
Застапникот на оштетените смета дека одбраната тактизира. Се прават напори да измине една година од притворот на обвинетиот, по што тој ќе мора да се прекине. Во таков случај обвинетиот ќе може да ја напушти државата.
Семејството, роднините, пријателите и голем број охриѓани и македонци на социјалните мрежи даваат силна поддршка и бараат максимална казна за убиецот.