И минатата ноќ нови земјотреси во охридско. Првиот кој се случи четириесеттина минути по полноќ со јачина од 3,4 степени предизвика вознемиреност.
Граѓаните на социјаллните мрежи коментираа дека почуствуваа два земјотреси во две минути. Вториот земјотрес со послаб интензитет од 2,0 степени се случи во 01 часот после полноќ И утрово трет земјотрес со јачина од 2,9 степени. Иако се намалува интензитетот и земјотресите стануваат се поретки, се уште владее вознемиреност кај населението.