На Собранието на АБА лигата кое во понеделникот се одржа во Белград одлученое втората лига на ова натпреварување да започне од сезоната 2017/2018.
Во втората АБА лига Македонија ќе ја преставува кошаркарскиот клуб Охрид, а лигата ќе брои 12 екипи. Покрај Охрид сигурни учесници се Борац Чачак и Динамик од Србија, Крка и Рогашка од Словенија, Сплит од Хрватска, Теодо и Ловќен од Црна Гора и Зрињски од БиХ. Последните два учесници ќе бидат познати откако ќе биде одигран квалификациски турнир.Во првиот квалификациски турнир ќе играат само екипи од БиХ, а тоа се Младост, Широки Бријег и Слобода Тузла, а победникот од овој турнир ќе игра на турнирот каде се екипите на Вршац, Сутјеска и Приморска.Овој турнир ќе се одигра во Лакташи од 27 до 29 септември, по принципот секој со секого, а најдобрите два ќе изборат пласман во втората АБА лига.Победникот во втората лига ќе се стекне со право на настап во најсилната регионална конкуренција.
Извор: makfax.com