Две сообраќајки случени вчера во Охрид и Струга, завршиле со две тешко повредени лица.
Во “струшката“ сообраќајка, тешко е повредена сопатничка во кола а во „охридската,моторциклист завршил со тешки телесни повреди.Еве го делот од билтенот на МВР, за овие два настани: На 23.07.2017 година во 14,30 часот во Струга, на крстосница од магистралниот пат А2, со локалниот пат за с.Мислешево и локалниот пат за „Еуро Хотел“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од К.Ч.(75) од с.Лескоец, патничко моторно возило „Пежо“ исто така со охридски регистарски ознаки, управувано од М.Е.(56) од с.Ресен, со постојано живеалиште во Р.Германија, и патничко моторно возило „Јагуар“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.Ќ.(45) од с.Лабуништа. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од „Пежо-то“ Н.Е.(48) од Р.Германија, по што со возило на итна медицинска помош е пренесена во болницата „Св. Еразмо“ каде и е укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица-Струга.
На 23.07.2017 година во 16,30 часот на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, на влез за с.Долно Коњско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Дачија“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(52) од Охрид, и мотоцикл „БМВ“ исто така охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Ц.(22) од Охрид. Во незгодата Н.Ц. се здобил со тешки телесни повреди по што со возило на Брза Помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде му е укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Секторот за внатрешни работи -Охрид.