Во рамки на одбележување на 22 март, Светскиот ден на вода, под мотото ВОДА ЗА МИР, Црвен крст Охрид и Центар за јавно здравје Охрид со поддршка на бројни еколошки и спортски здруженија и организации од Охрид и Албанија, на 23.03.2024 г., сабота, од 12 ч. на Градскиот плоштад Св.Климент Охридски во Охрид ќе организира забавно-едукативен настан со цел да се истакне вредноста на Охридското езеро како најголем природен базен на питка вода што во услови на зголеменото влијание на климатските промени, зголемувањето на населението, наметнува итна потреба, внатре и помеѓу двете земји Албанија и С.Македонија, обединување и сериозен пристап околу заштита и зачувување на нашиот најскапоцен ресурс, Охридското езеро.
Преку бројни едукативни материјали, презентации и забавни перформанси ќе се потенцира на опасноста за Охридското езеро и неговиот екосистем, од евентуалното одржување на настанот светско првенство во трка со чамци формула 1, F1H2O чамци, најавено за јули 2024 г. на Охридското езеро во Поградец, Албанија.
И од овој настан сите заедно да упатиме силна порака и апел до населението и надлежните во двете држави за избегнување и спречување на настани и активности на Охридското езеро и во блиската негова околина, кои се опасност за живиот свет и ја нарушуваат природната рамнотежа.
Да се обединиме околу водата и ја користиме за мир, поставувајќи темели за стабилна и просперитетна иднина.