Собрани потребните средства за лекување на Целе, денес се врати Охрид

Охриѓани повторно ја докажаа својата хуманост на дело.

Собрани се потребните средства за лекување на Целе Костоски од Охрид. Охриѓанецот, кому му експлодира боцата со плин во автомобил и едвај спаси жива глава. После повеќето интервенции на пластична хирургија во Скопје, конечно денес е донесен во општата болница во Охрид. 

Хуманите граѓани на чело со познатата активистка Клаудија Софрониеска Арсенова  организираа свечен дочек во болница. Торта, балони и многу прегратки и насмевки. 

-Благодарност до пластична хирургија доктр Игор Пеев, Брзата помош од Охрид со  директорката Ајсел Зејноска началничката др Ана Недеска и шоферот   Павел, клои овозмозија бесплатно возило на брза пимош до Охрид. Благодарност до сите кои не поддржаа во оваа хумана мисија  „План Б“, „Инстикт“, „Шила“, „Бизнис кафе“, „Техномаркет“, „Ривиера“, „Објектиф“ и „Аквариус“,хотел „Ројал“,  агенција „Визија“, клучара „Титан Компани“, слаткара „Палма“ , Дизајн „Принт Студио“,,  Арт твити балони”, црквите Свети Горгија, Света Троица и Свети Никола, Ристе Каланоски , Јово Упески, Мирослав Ставрески….. Најголема благодарност до сите хумани граѓани кои несебично донираа за лекување на Костоски, вели во својата изјава Клаудија Софрониеска иницијатор за хуманата акција. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани