4 годишното дете се загубило кај скејт паркот.
Синоќа во 19.15 часот, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, во близина на паркинг просторот кај плажата „Горица 3“ во Охрид, го пронајдоа 4 – годишното дете, кое, претходно во 17.50 часот, од родителите беше пријавено дека се загубило кај скејт паркот на пешачката патека после каналот „Студенчишта“.
Нејасно е зошто полицијата не соопшти повеќе детали за настанот со среќен крај кој заслужува повеќе внимание.
