Сообраќајка кај „Сатеска“ повредена жена

Сообраќајка кај „Сатеска “, повредена една жена.

 

-Вчера  во 10.50 во СВР Охрид,  пријавено е дека на крстосницата на улиците .„Трајче Трајчески“ и .„Сатеска“ во Охрид, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Шевролет Спарк“, со охридски регистарски ознаки, управувано од А.К.(31) од Охрид и патничко возило „Фолксваген Поло“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(71) од Скопје. Притоа, Д.Н.(77) од Охрид, која во тој момент се движела по тротоарот, се исплашила од ударот на возилата и паднала на тротоарот, здобивајќи се со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“, каде била пренесена за укажување на лекарска помош. На местото на незгодата,  увид  изврши увидна екипа од СВР Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани