Сообраќајка на два мотори во Охрид

Еден моторџија е тешко повреден и префрлен во „Св.Еразмо“.

Уште една сообраќајка со мотор во Охрид, во која за среќа нема жртва но има тешко повреден моторџија.Мото незгодата се случила завчера на крстосницата од улиците „Нада Филева“ и „Аргир Маринчев“ во Охрид помеѓу мотоцикл „Јамаха“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Љ.Ц.(59) од Охрид и мотоцикл „Кивеј“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Љ.Ј.(28) од Охрид. Во незгодата, возачот на мотоциклот „Кивеј“-Љ.Ј. се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил задржан во болницата „Св.Еразмо“.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, информира дека на местото на сообраќајната незгода, увид извршила екипа од СВР-Охрид. Димоски апелира до моторциклистите и до сите учесници во сообраќајот, на внимателно управување со моторциклите, со автомобилите, на зголемена внимателност и одговорност на сите учесници во сообраќајот како и на придржување до сообраќајните правила и прописи.
Летово во Охрид, во сообраќајки на мотор згаснаа два млади животи а младо момче од Охрид загина во мото сообраќајка на Плетвар.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани