Сообраќајка на патот Охрид Кичево

Сообраќајка на патот Кичево Охрид.

На  26.06.2020 година во 09.20 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево,  помеѓу селата  Ботун и  Ново Село,  случена е сообраќајна незгода во која, засега непознат возач на патнички автомобил, управувајќи кон Кичево, извршил претекнување на колона автомобили и предизвикал судар помеѓу три моторни возила: товарно возило „Фиат Дукато“ со скопски регистарски ознаки управувано од Г.П. (58) од Скопје, „Пежо партнер“ со кичевски регистарски ознаки управувано од Ж.И. (62) од Кичево и автомобил „Мерцедес“ со американски регистарски ознаки, управуван од П.М.(68) од Охрид. Во незгодата нема повредени лица а предизвикана е материјална штета. СВР Охрид презема мерки за расветлување на настанот, информира портпаролот на СВР Охрид. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани