42 казни изречени во Охрид, во Струга 14, Кичево 20 и Дебар 3.
Според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 79 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-42, Струга-14, Кичево-20, Дебар-03), информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Портпаролот Димоски вели дека „ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 21 контроли врз угостителски и други објекти“. Додава и апелира до граѓаните на целосно почитување на законската одредба за носење заштитни маски со цел поголема заштита од коронавирусот.
