Во Охрид и Струга неделава по 44 новозаболени од корона

Струга и Охрид изедначени оваа недела, во двата градови регистрирани по 44 нови случаи на корона.

Според податоците на Центарот за јавно здравје од 20 до 26 јуни регистрирни се  44 лица со корона , исто колку и во соседна Струга.

Во Дебар   потврден  е коронавирус кај 26 лица. Тоа го покажуваат податоците на Центарот за јавно здравје од Охрид, надлежен за општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа.

Според седмичните податоци за периодот од 20 јуни и заклучно со вчера 26 јуни, во сите посочени општини Центарот изврши собирање материјал за тестирање од вкупно 223 лица и тоа 104 од лица во општините Охрид и Дебрца, 89 материјали од општините Струга и Вевчани, како и 30 материјали од Дебар и Центар Жупа.

Од почетокот на епидемијата заклучно со вчерашниот ден присуство на Ковид-19 е потврдено кај 422 лица, од кои 140 во општините Охрид и Дебрца, 193 лице во општините Струга и Вевчани и 89 лица во општините Дебар и Центар Жупа.

Црниот биланс изнесува пет починати пациенти од Охрид и Дебарца, 26 од Струга и четворица од Дебар и Центар Жупа.

Во општина Вевчани не е регистриран ни еден случај на корона. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани