Сообраќајка рано утрово се случи на булеврот „Туристичка“ во Охрид.
Утринава околу пет часот, на булеварот „Туристичка“ на излезот од Охрид се случи сообраќајна незгода, во која за среќа нема сериозни последици по човечки животи. Најверојатно поради невнимание, во електричен столб на булеварот, удрил автомобил. Возачот на автомобилот задобил повреди и бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ од каде за Охриднет, информираат дека повредениот е надвор од животна опасност.