Охридските мајстори на старите занаети ги споија своите знаења и вештини. Изработен е првиот уникатен накит од три традиции, филигран, охридски бисер и македонски рубини.
Целта е да се создаде нов бренд по кој Македонија ќе биде препознатлива ширум светот.
-„ Во Македонија кога се работи за накит имаме три традиции. Македонскиот бисе, филигранот и македоснкиот рубин. Тоа е една полдна пријателска соработка меѓу изработивачите на овие три накити кои одлучивме да ги поврземе да биде како круна на квалитет во Р Македнија“, вели Михајло Филев изработувач на охридски бисери.
Интересно е што странците повеќе знаат за македонските занаети и за скапоцените камења.
-„Странците да речам повеќе го знаат македонскиот рубин од самите ние македонците.Тие доаѓаат начитани и кога ќе им објаснувам веќе знаат што ќе им кажам“ , вели Митко Укоески изработувач на Филигран.
На 2 август ќе биде премиерата на долгометражниот документарен филм за охридскиот бисер. Брендот на градот Охрид веќе еден век се произведува на ова поднебје, а со вредниот накит се китат кралици, принцези, пејачи, актери. Најскапиот охридски бисер е продаден на аукција во Америка за 7 000 долари, а го купил иселеникот Џон Битов.
-„Тука е целата историја сите архиви, кои укажуваат на почетоците на охридскиот бисер сите наши четири генерации се застапен во филмот Имаме многу историски периоди и факти кои Макеоднија била под сите тие системи се аботи за сто години. Ги имаме сите најатрактивни делови од Охрид опфатено“, додава Филев.
Филмот за охридскиот бисер ќе биде прикажан и во Србија и Хрватска , а потоа и на светските канали Дискавери и Сиенен.
Новинар Соња Рилковска
Новинар Канал 5 ТВ