Здружението на граѓани “СОВЕСТ“, деновиве упати писмо до градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, во кое бара тој да ги преземе своите со закон утврдени надлежности и да понесе одговорност за нелегалните градежни активности на Али пашината џамија.
Во писмото до градоначалникот Георгиески, “СОВЕСТ “ упатува дек проектот “таков каков што е одобрен и каков што се реализира Не поминал низ критичното око и уво на јавното мислење на граѓаните на Охрид, за разлика од важечкиот Детален урбанистички план за измени и дополнувања за ПЦГП …… во Охрид, донесен со Одлука на Општина Охрид бр. 08-583 од 13.04.1995 во кој е обработуван и просторот околу Али Пашината џамија во Охрид“. Сметаме дека проектот е во колизија со програмските цели и ограничувања кои ги налага важечкиот ДУП. Во Истиот не е оформена градежна парцела околу објектот – џамија, во дворното место околу џамијата планирани се јавни пешачки комуникации, на самата површина за градба основното тело на џамијата) не е предвидено проширување за изградба, односно не е предвидена можност за надградба на постојното минаре, не се предвидени помошни градби такви какви се веке реализирани во дворното место“. Здружението “СОВЕСТ“ смета дека реализацијата на Деталниот урбанистички план, неговите програмски цели, планските ограничувања и неговата реализација, се во целосна надлежност и приоритетна цел на Општина Охрид. Затоа, ЗГ“СОВЕСТ“ бара од градоначалникот Константин Георгиески, да го повика Републичкиот градежен инспектор да донесе извршно решение за запирање на градежните активности. Да ја повика УЗКН да ги поништи Конзерваторското одобрение, кое е со истечена важност, за истото не биде покритие за извршување на нелегалните градежни активности од страна на инвеститорот. Почитуван г.Георгиески, граѓанското здружение “СОВЕСТ“ сака да Ви се заблагодари за покажаниот интерес за темата “Али Пашина“ џамија во Охрид и за Вашето ангажирање, но ве потсетуваме дека реализацијата на ДУП е законска надлежност и законска обврска на Општина Охрид, стои во реакцијата на ЗГ “СОВЕСТ“ ОХРИД.
