Спасителите од давење спасија три животи

Денеска од сигурна смрт со давење, спасени се едно 16 годишно момче и две малолетни деца.

На својот ФБ профил, националниот инструктор за безбедност на вода и координатор на центар за безбедност на вода – Ристе Филипов, пишува за три успешни акции на спасувачите на плажите.Својот постиран текст, Филипов го започнува со насловот „Уште еден успешен работен ден, спасени се 3 животи“ и продолжува: Спасено е 1 момче на 16год возраст на плажа во околината на „Парк“ од страна на 2ца спасувачи Kris Petrevski i Dejan Lozankoski од Центарот за безбедност на вода при Црвен Крст – Охрид.
Момчето се наоѓало на небезбедна далечина и почнало да се дави при што колегите веднаш интервенираја при што го известија координаторскиот тим кој беше во редовна патрола со спасителен чамец, Јас и мојот колега координатор Zlatko Ruseski набрзо пристигнавме и обезбедивме безбеден транспорт на давеникот до брег каде дојде и повиканата брзата помош.
Спасени се 2 малолетни деца на возраст од 6-10год на базен при плажа во областа „Парк“ од страна на наш колега спасувач Igor Bunevski, се случило групно давење поради не умеење да се излезе од вода на едното дете.
Момци, честитам на присебноста и храброста! Некои ке кажат тоа ни е работа… ДА, точно! Ова е наше секојдневие… Но редно е и јавно да се бележат секојдневните успешни интервенции на спасувачите на плажите кои се ОБЕЗБЕДНИ и сигрни за рекреирање а не само инцидентите со трагичен крај на плажи кои не се обезбедни од страна на стручната службата за безбедност на вода поради што И не се во наш домет оваа капачка сезона.
Спасителски поздрав, со почит, стои на крајот на постот на ФБ профилот на Ристе Филипов- националниот инструктор за безбедност на вода и координатор на центар за безбедност на вода.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани