Специјално возило за отпад во пешачките зони

Ј.П.„Охридски Комуналец„ го пушти во употреба специјалното возило со електричен погон за собирање на ситен отпад и празнење на корпите кои се поставени за оваа намена по чаршијата и пешачките зони во централното градско подрачје.

 

Пред почетокот на туристичката сезона корпите ќе се празнат во една смена во текот на денот, а во екот на туристичката сезона во две смени. Дефинирана е динамика според која корпите ќе се празнат со електромобилот во доцните ноќни часови кога и фреквенцијата на движење се намалува. Ќе се опфатат чаршијата, кејот, патеката до Горица, патеката покрај каналот Студенчишта и улиците во стариот дел од градот.

Електромобилот е набавен од сопствени средства,  лесен е за ракување, не создава бучава и не го загадува воздухот, што е многу значајно затоа што ќе се користи во најфреквентните делови на градот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани