Според пописот Охрид изгубил најголем дел од младата популација

Резултатите од пописот, покажаа дека во Охрид најголемо намалување има на младата популација.

Во пописот направен лани најголем број на население од женски пол е во возрасната група од 60-64 односно 2 021 лице, а веднаш зад оваа категрија е возрасната група од 65-69 години односно 1 974.
Во споредба со пописот од 2002 година најбројна тогаш била возрасната група од 20-24 години, односно 2 276 лица, за разлика од 2021 година кога оваа возрасната категорија е преполовена, т.е. брои 1 270 лица.
Причината е иселувањето кое се должи на економските предизвици недоволно работни места и ниски примања. Младите најчесто заминуваат во западно европските земји.

 „Има иселување, младите сите бегаат , сите што заминале на студии сакаат да останат Скопје, Словенија , странство ретко кој се враќа Охрид. Сите сакаат да се вратат, но нема запослување буквално нема ништо само врски партиски кој ќе се запосли овде што завршил факултет. И син ми студира Скопје, но не знам што ќе биде, дали ќе се врати Охрид“, вели еден охриѓанец.

– „Проблемите со вработување и сите други проблеми се причина трендот да продолжува, луѓетото се иселуваат. Најтрагично е што и постарите не ја гледаат веќе тука својата иднина се иселуваат цели семејства“, вели друг охриѓанец.

Од година во година се намалува бројот на ученици и студенти. Власта мора да работи на мерки за задржување на младата популација во државата.

-„Младата популација која се отселува практично под наплив на тежнеењето да се врзе за семејството и сите заедно да одат тоа се одрзува на бројот на ученици во основните и средните училишта и јасно на високото образование. Сега на потег се властите да се подобрат моментите на квлитетот на живот тоа подразбира отворање на работни места, субвенционирање, заштита на женската популација посебно таа родова еднаквост“ , вели професорот Науме Мариноски.

Денес, според пописот Охрид брои 51 428 жители или 4 321 лице помалку споредбено со пописот пред речиси две децении кога бројот на вкупно запишани граѓани изнесувал 55 749 лица.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани