Средба по половина век од дипломирањето

Во свечена атмосфера во рекреативно-угостителскиот комплекс „Билјанини извори“ во Охрид,на 4 август годинава се одржа средба на дипломците од Вишите школи во Битола,кои дипломираа во далечната 1968 година.

 

На средбата дојдоа малкумина,најбројни беа од мешеиштани и стружани.На задоволството од средбата му немаше крај,затоа што потсетувањето на времето пред пет децении не беше ништо друго,туку редење на спомените од студенските денови и од постигнатото на секој поединец во животот.Меѓу присутните беше и Вангел Наумоски,Васил Бушиноски,Климо Стојоски,Стојан Кукунешоски…

Генерацијата од Битолските Виши школи,која дипломира пред 50 години,како што покажа времето е една од оние кои оставија трага во животот и во развојот на нашата Република Македонија,генерацијата ќе се памети затоа што даде бројни истакнати стручњаци на сите полиња и го афирмира нашето постоење,- истакнаа присутните.

Текст и фото:СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани