Средното „Ванчо Питошески“ очекува поголем интерес за уписи во прва година

Почнуваат уписите на учениците во прва година во Регионалниот центар „Ванчо Питошески“ Охрид.

И годинава се нуди три и четиригосишно образование. Во познатото средно угостителско училиште се образуваат најдефицитарните профили, келнер, готвач, слаткар. А најважно е што во текот на наставниот процес имаат дуално образование, покрај теорија, учениците имаат и многу пракса и излегуваат подготвени на пазарот на трудот.

– „Од четиригодишните профили ќе ги истакнеме хотелско туристичкиот техничар, техничар за настани и анимации, угостителскиот техничар и техничар за рурален туризам. Значано е што и оваа година продолжуваат со доделување на стипендиите од страна на министерството за образование и наука што значи секој ученик кој ќе се запише во дуална паралелка е потенцијален добитник на стипендија од 3 500 денари, вели Марјан Радески директор на „Ванчо Питошески“ Охрид. 

Професорите годинава очекуваат поголем број ученици да пројават интерес за образование во сферата на угостителството и туризмот.

„Оваа година очекуваме зголемен број на ученици бидејки самиот тренд во угостителството и туризмот налага што поголем број работници и сведоци сме сите дека годиниви наназад е доста зголемена побарувачката, меѓутоа имаме голем одлив на работен кадар, така да побарувањата од страна на угостителскиот сектор се големи и се надеваме дека оваа година ќе имаме зголемен број на ученициво угостителството и туризмот“

Првиот уписен рок е на 14 и 15 јуни, а новина оваа година е што за прв пат аплицирањето ќе може да се направи и по електронски пат.

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани