Стартува атлетскиот викенд Охрид ТрчаТ

Стартува најмасовната спорстка манифестација , од денес до недела се одржува Атлетскиот викенд Охрид ТрчаТ. На осмото издание учество ќе земат рекорден број, односно 2200 учесници од 31 држава. Годинава има богата програма, вечрва ќе се одржи традиционалната рекреативна ноќна трка а потоа следи забава со концерт на групата Камелеон на градскиот кеј рпед хотелот Палас.

-„ Во најголем дел се учесници од Балканските држави, меѓутоа имаме и од Европските држави и од надвор Америка и Канада кои доаѓаат за Охрид ТрчаТ викендов. Годинава ќе го имаме и најдобриот македонски атлетичар на сите времиња, а ова ќе биде неговата псоелдна трка пред Европското првенсто и пред настапот на Олимписките игри. Дарио Иваноски ке учествува на трката од 21 км ги повикувам сите охриѓани но и гости да дадат поддршка на улиците и да го пзодравиме нашиот најдобар атлетичар во земјава и Балканот“, вели Јоне Станкоски.

Покрај промоцијата на спортот Охрид ТрчаТ прераснува и во туристички производ, се повеќе се привлекуваат туристи, кои се запознаваат со богатото културно, историско и природно наследтсво на градот. За учесниците има туристички разгледи на знаменитостите и прошетки со бродови.

Денеска попладне ќе се  одржи работилница со  Stretch well- Србија, ноќната трка започнува вечерва во 21:00 часот, а 15мин. подоцна токму тука  ќе биде концертот на групата „Камелеон“.

Учесниците на овој голем настан утре наутро ќе „нурнат“ во недопрените убавини на Старото градско јадро, а ќе се посети и парчето откинато од рајот – манастирскиот комплекс Св. Наум. Во двата дена од викендот е резервиран простор за  најмладите.

На крај посакувам да имаме успешна реализација на годинешното издание на „Охрид трчат“. Живи, здрави и побројни да се видиме наредната година, а дотогаш како локална власт ќе работиме на поддршка на спортските случувања и градење подобри услови за спортување. Секако тука е и летниот спортски настан „Ohrid water фестивал“ чија организациј ни претстои, а кој е одлична можност за промовирање на водените спортови. Како и да е, пред нас предстојат убави спотски настани кои ќе бидат повод за нашите наредни средби– рече градоначалникот Пецаков.

Утре на кејот од пладне ќе има богата забава со ди џеи и загревање со студио Кинезио и тренери од Србија. Попладне ќе има и панел дискусија Младите во спортот.

Главните трки се во недела. За  21 км. трка се пријавени  367 лица, за штафетно трчање 69 луѓе, а на 5 км ќе трчаат  1 700 луѓе- подвлече Цветиковски.

Главниот настан во недела, 2 јуни, почнува во 07:45 часот. Стартот на трката на 21 километар е во 08:15 часот, додека трката на 5 км стартува во 9 часот. Предвидена е и богата забавна програма за учесниците со диџеи, фан зони и зони за освежување. За безбедноста и сигурноста на учесниците ќе се грижат бројни волонтери и припадници на охридската полиција и Службата за спасување на планини и непристапен терен на Црвениот крст Охрид.
За време на трките во недела, во делови од Охрид на сила ќе биде посебен режим на сообраќај.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани