По повод 30. Мај, Светскиот ден на лица со Мултипла склероза упатувам јавна поддршка до сите наши сограѓани кои се борат со ваков животен предизвик.
Како чинители и членови во една општествена заедница треба да се обединиме и да ја подигнеме јавната свест за Мултипла склерозата. Тоа ќе ни овозможи да поттикнеме помош и решенија за лицата кои се засегнати од оваа состојба.
Исто така оваа наша поддршка е важен извор на мотивација за лицата кои веќе ја имаат дијагнозата и значаен фактор за подигнување на нивото за рано откривање на болеста.
Важно е да знаеме:
• Мултипла склерозата е хронична, прогресивна, воспалителна, дегенеративна болест на централниот нервен систем и една од најчестите причини за инвалидитет кај младата работоспособна популација
• Симптоми на мултипла склероза: заматен вид, двојни слики, слабост и отежнато движење, нарушување на рамнотежата и вртоглавица, проблеми со говор и голтање, когнитивни и емотивни нарушувања и многу други
• Во Република Македонија живеат повеќе од 1500 лица со мултипла склероза, а секоја година се дијагностицираат околу 90 – 120 нови лица
• Повеќето лица со мултипла склероза се дијагностицираат на возраст од 20 до 40 годишна возраст, односно во најпродуктивните години од животот.