Вечерва и утре ќе се одржи фестивалот на „Вино и сирење“.
Производителите ќе имаат можност своите производи да ги презентираат пред посетителите кои пак ќе имаат прилика да ги почувствуваат вкусовите на домашните вина и сирења.
Фестивалот на вино и сирење дава голем придонес за збогатувањето на туристичката понуда на градот во овај период од годината, а и овозможува остварување на директни контакти со претставниците од бизнис секторот.
Програма:
Прв ден (10.08.2018)Петок
17:00 Поставување на штандовите и распоред на учесниците
21:00 Свечено отворање и поздравен говор на претставник од локална самоуправа на општина Охрид
21:15 Презентација и дегустација на производи збогатена со музичка програма (Ансамбл Билјана Јуниор)
24:00 Затворање на прв ден фестивалот
Втор ден ( 11.08.2018)Сабота
17:00 Продолжување на манифестацијата
21:00 Презентација и дегустација на производи збогатена со музичка програма (Оркестар Климе Садило)
24:00 Затворање на фестивалот
