Стартува Илинденскиот маратон

Во Охрид денеска ќе се плива Илинденскиот маратон.

Традиционалниот Илинденски пливачки маратон, наречен и „мал маратон“, по повод националниот празник Илинден, денеска по 38 пат ќе се одржи во водите на Охридското Езеро. Стартот на „малиот маратон“ е пред Хотелот „Парк“, во 10 часот и 30 минути а финишот е на Градското пристаниште. Патеката е долга 2,5 километри.

Натпреварувачите на Илинденскиот пливачки маратон се поделени во две возрасни категории, од 10 до 16 години и од 16 години и постари. Годинава покрај маратонците од нашата земја, на стартот ќе се појават пливачи од Бугарија и Полска.Покрај другите учесниците, на маратонот ќе пливаат три дечиња од Здружение на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби „Дајте ни крилја” од Скопје. Илинденскиот маратон ќе го следат и директорот на Агенцијата за спорт и млади, Дарко Каевски, и првиот човек на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Васил Тупурковски.

Првиот маратон е одржан во далечната 1954 година, со вкупно сум пливачи, а рекордот го држи осумкратниот победник Александар Маленко (26.03.15 минути) поставен во 1997 година.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани