Вечерва премиера на филмот за Охридскиот Бисер на семејствата Филеви и Талеви.
Конечно, после сто години традиција јавноста ќе ја погледна целата приказна за охридскиот бисер.
Станува збор за долгометражен документарен филм за охридскиот бисер. Брендот на градот Охрид веќе еден век се произведува на ова поднебје, а со вредниот накит се китат кралици, принцези, пејачи, актери.
-Тука е целата историја сите архиви, кои укажуваат на почетоците на охридскиот бисер сите наши четири генерации се застапен во филмот Имаме многу историски периоди и факти кои Макеоднија била под сите тие системи се аботи за сто години. Ги имаме сите најатрактивни делови од Охрид опфатено, додава Филев.
Премиерата ќе биде во рамките на програмата на Охридско Лето 2017.
Филмот е во продукција на „Браќа Кумев“, а е финансиран од семејствата Филеви и Талеви кои го имаат рецептот за изработка на охридскиот бисер и го пренесуваат на своите потомци.
– Приказната за настанувањето на охридскиот бисер е многу интересна. Иако сите ние сме слушале разни верзии за настанувањето на охридскиот бисер, вистинската верзија ја дознав од Михајло Филев пред две години. Оттаму дојде и идејата за реализација на ваков проект. Сакав таа тајна што веќе 90 години се провлекува меѓу охриѓани, да ја споделам со публиката и да режирам нешто што ќе им остане на поколенијата, вели режисерот на филмот, Никола Кумев.
Документарно-играниот филм „Бисер“ го обработува периодот од 1924 до 1930 година кога познатиот руски емигрант, белогардеецот Јован Субанович им ја пренел тајната на правењето оригинален бисер, на предците на семејствата Филеви и Талеви. Во играниот филм учествуваат актерите Владо Јовановски, Љупчо Тодоровски –Упа, Стрезо Стаматовски и други. Проекцијата ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 19 часот.
Филмот за охридскиот бисер ќе биде прикажан и во Србија и Хрватска , а потоа и на светските канали Дискавери и Сиенен.